Дома Фудбал Фудбалерите на Реал Мадрид тренираат со специјални маски – еве и зошто

Фудбалерите на Реал Мадрид тренираат со специјални маски – еве и зошто

Во последниве денови, вниманието на јавноста го привлечоа тренинзите на играчите од Реал Мадрид, кои носат необични сини маски, кои на прв поглед потсетуваат на опрема за тренинзи под висински услови.

Сепак, маските имаат сосема различна функција. Зад оваа идеа стои Антонио Пинтус, фитнес тренерот на Реал Мадрид, кој е задолжен за следење и подобрување на физичката кондиција на играчите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Маските се употребуваат за време на стрес-тестовите, а Пинтус за Real Madrid TV објасни дека се “создадени за да ги откријат аеробниот и анаеробниот праг на играчите, како и нивната моментална физичка подготвеност”.

Станува збор за маските Cosmed K5, кои им овозможуваат на стручниот штаб прецизно мерење на VO₂ max, најголемата количина кислород што телото може да ја искористи при интензивен физички напор.

Спортскиот физиотерапевт Бен Ворбертон објасни за BBC Sport дека станува збор за напредна технологија.

“Реал Мадрид користи високотехнолошка опрема која овозможува тестирање на играчите директно на тренинг. Тоа е значајна предност бидејќи истовремено се врши тренинг и собирање на податоци”, истакна тој.

Тој додаде дека класичните тестирања на трака за трчање или на велосипед би земале многу време и би барале прекини во тренингот, а подлогата е многу различна од тревната.

Овој пристап му овозможува на клубот да заштеди време, но и порано да идентификува потенцијални проблеми како напрегање на мускулите или пад на физичките параметри, што го намалува ризикот од повреди.

Не е првпат играчите на Реал да користат вакви маски. Клубот има објавено и видео на својот YouTube канал со наслов “Маските се вратија”, што потврдува дека се работи за веќе проверена метода.

Маските се изработени од италијанската компанија Cosmed, која тврди дека имаат анатомски дизајн, еластична поддршка за удобно и сигурно фиксирање и интегрирана поддршка за брадата за стабилност.

Според пишувањата на The Athletic, цената за еден комплет е околу 30.000 евра.

Антонио Пинтус за прв пат стана дел од Реал Мадрид во 2016 година, а оваа технологија ја применувал уште од деведесеттите, кога работел во Монако. Маските се користени уште кога тимот го воделе Карло Анчелоти, Зинедин Зидан и повремено во периодот на Хаби Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кошмарот за Реал продолжува: УЕФА забрани настапи на еден од клучните играчи против Бенфика

Реал Мадрид ќе игра против Бенфика во двомечот од плеј-офот на Лигата на шампионите, но на…