Дома Фудбал Хрват направи бизарен пенал каков што не сте виделе досега! (Видео)

Хрват направи бизарен пенал каков што не сте виделе досега! (Видео)

Дефанзивецот на Реал Сосиедад, Дује Чалета-Цар, стана главна тема по баскиското дерби во Купот на Кралот против Депортиво Алавес. Во моментите кога домаќинот водеше со 2-1, хрватскиот стопер во 67. минута направи потег каков ретко се гледа на фудбалските терени.

Чалета-Цар го сопре напаѓачот Тони Мартинез на неверојатен начин – му ја навлече маицата преку главата пред самиот гол. Дезориентираниот фудбалер на Алавес се обиде да се сврти, но хрватскиот дефанзивец дополнително го удри со рака по главата и грбот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Главниот судија Алехандро Кинтеро во прв момент не ја забележа целата ситуација, но по сугестија од ВАР собата замина да ја прегледа снимката. Откако го виде бизарниот потег, тој досуди пенал за Алавес, а Чалета-Цар помина само со жолт картон.

Incredible penalty VAR check for Alaves vs Real Sociedad
byu/Kasj0 insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и Евертон заедно во Лига Европа нема да можат!

Ако и Рома и Евертон се квалификуваат за Лига Европа, што не е невозможно сценарио, овие д…