Дома Фудбал Гвардиола жестоко нападнат поради изјавата за Палестина: Нека си го гледа фудбалот…

Гвардиола жестоко нападнат поради изјавата за Палестина: Нека си го гледа фудбалот…

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со остри критики од страна на „Советот на еврејските претставници на Голем Манчестер“ поради неодамнешни политички изјави.

Гвардиола, на хуманитарен настан, се осврна на ситуацијата со децата на палестинските територии погодени од војната во Газа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Советот објави на Твитер:

„Пеп Гвардиола е фудбалски тренер. Дури и да се со добри намери неговите хуманитарни изјави, тој треба да се посвети на фудбалот.“

Според нивните изрази, шпанскиот експерт го разочара Манчестер Сити со неговото продолжителното впуштање во коментари за меѓународни прашања.

Ова е вторпат во рок од седум дена Гвардиола јавно да ги изрази своите ставови за агресијата на Израел во појасот Газа.

Во својата изјава, Советот додаде:

„Имајќи предвид дека ја користи својата значајна платформа за покажување солидарност, ова е особено фрустрирачко“.

Гвардиола дополнително ги објасни своите ставови во интервју по настапот.

Сепак, Пеп доби поддршка од Amnesty International во Обединетото Кралство.

„Владите низ светот кои убиваат, истеруваат и дегуманизираат милиони луѓе сакаат да нè убедат дека е тоа нормално. Но, Гвардиола е во право. Не смееме да ги затвориме очите. И не смееме тоа да го прифатиме.“

На настанот „Act X Palestine“ во Барселона, Гвардиола се осврна на страдањата на децата во војната во Газа:

„Кога гледам дете на фотографија или преку медиумите кое бара својата мајка затрупана под урнатините, чувствувам дека сме ги оставиле сами – запоставени и заборавени. Детето прашува: ‘Каде сте? Дојдете и помогнете ни.’ А ние досега не сме го сториле тоа.“

На крајот, Гвардиола изрази исолидарност со палестинскиот народ:

„Треба да се ангажираме, вклучиме и бориме за најслабите. Не само за Палестина, туку за сите хуманитарни прашања. Ова е изјава за Палестина и изјава за човештвото.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо е незадоволен, но го прекинува штрајкот

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е подготвен повторно да се врати на тере…