Дома Фудбал Касемиро како никој да не го сака – се јавил само еден клуб!

Касемиро како никој да не го сака – се јавил само еден клуб!

Зимскиот трансфер период за 2026 година веќе заврши, а клубовите се активно подготвуваат за летниот трансфер период кој ветува многу возбуда и шпекулации.

Во јуни оваа година, постои листа на фудбалери чии договори со клубовите завршуваат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овие играчи сега можат да преговараат со други клубови или да потпишат нов договор со моменталните клубови.

Меѓу играчите со договор кој истекува во јуни е и средниот играч на Maнчестер јунајтед Бразилецот Касемиро (33).

Касемиро се наоѓа пред голема одлука во неговата кариера.

Јујнајтед не е заинтересиран за продолжување на договорот, известуваат медиумите од Британија, но нема понуди за бразилецот од Европа.

Касемиро игра во одлична форма оваа сезона. На 22 натпревари во Премиер лигата, постигна пет гола и асистираше двапати.

Самиот Касемиро не е премногу заинтересиран да остане во Јунајтед, но изгледа дека не го привлекува вниманието на европските гиганти.

Клубовите денес преферираат да вложат во помлади фудбалери кои можат да ги врзуваат со подолгорочни договори.

Како што стојат работите, поранешниот играч на Реал можеби ќе ја премине Атлантика.

Единствениот клуб кој покажал интерес за Каземиро е Остин од МЛС лигата.

Ќе видиме што ќе донесе летото за искусниот Бразилец кој остави голема трага играјќи за Реал Мадрид, каде што беше еден од клучните играчи во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола жестоко нападнат поради изјавата за Палестина: Нека си го гледа фудбалот…

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со остри критики од страна на „Совет…