Дома Фудбал Карагер е воодушевен од Екитике: Објасни зошто за него е подобар од Торес

Карагер е воодушевен од Екитике: Објасни зошто за него е подобар од Торес

Џејми Карагер е толку воодушевен од Уго Екитике што верува дека ќе го надмине и големиот Фернандо Торес.

Екитике ова лето пристигна на „Енфилд“ од Ајнтрахт за сума од 95.000.000 евра. Досега постигна 15 голови и четири асистенции на 31 натпревар во сите натпреварувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислам дека Екитике е подобар играч од Фернандо Торес. Иако можеби сè уште нема постигнато исто толку голови, Торес зад себе имаше Стивен Џерард кој правеше огромен дел од работата за него. Екитике не зависи многу од Вирц, но ако продолжат вака да се разбираат, Екитике може и да го надмине Торес“, изјави Џејми Карагер.

Фернандо Торес одигра 142 натпревари, забележа 81 гол и 19 асистенции. Сепак, разочара кога побара трансфер во Челси во јануари 2011 година за сума од 58.500.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити договори пресметка против Арсенал на финалето

Манчестер Сити го освои убедливо и реваншот против Њукасл од полуфиналето за “Караба…