Дома Фудбал Фламенго: Винисиус, те чекаме кога ќе ти заврши договорот

Фламенго: Винисиус, те чекаме кога ќе ти заврши договорот

Шансите Винисиус Жуниор да остане во Реал Мадрид по летото 2027 година се минимални. Впечатокот е дека никој не сака тоа да се случи.

Во Реал се ситу разни проблеми кои ги имаат со Винисиус, пред сè поради неговото однесување, шпанската јавност е заситена од неговите постојани жалби, а изгледа и нему му е доста од борбата со сето она што не му одговара.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Спасот му го нуди – Фламенго. Клубот од кој тргнал во Европа во 2018 година, кога станал полнолетен. Моментално се изгледа како научна фантастика, но никој не веруваше дека „црвено-црните“ ќе можат да го донесат Лукас Пакета за 40.000.000 евра, што е најголемиот влезен трансфер во историјата на бразилскиот фудбал.

Раководителите на Фламенго јавно изјавија дека сакаат да го вратат Винисиус, но не сакаат ништо да платат на Реал Мадрид.

„Договорот на Вини наскоро ќе заврши. Ми испрати неодамна убав подарок: негов дрес со потпис. За вакви играчи може да се борите само кога и тие сакаат да дојдат. Нашите врати за Вини се отворени, сè зависи од него. Секако, зборуваме за летото кога му истекува договорот, кога не би морале ништо да платиме на Реал“ изјави Жозе Бото, спортски директор на Фламенго, на прес-конференција.

Именно, случајот на Лука Пакета е пример за играч кој не сакал никаде другде освен во Фламенго.

„Без желбата на Лука да се врати, не би можеле ништо да направиме. Тој сакаше само во Фламенго, а имаше понуди од 10-15 клуба од Европа“, нагласи Бото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Натпревар во Словенија се играше пред речиси празни трибини: Избројав 77 луѓе…(Видео)

Натпреварот од 20-то коло на словенечкото првенство што се одигра на стадионот Стожице пом…