Дома Фудбал Судија во Бундеслигата си го запроси партнерот пред 50.000 гледачи (Видео)

Судија во Бундеслигата си го запроси партнерот пред 50.000 гледачи (Видео)

На последниот натпревар на Келн во рамки на Бундеслигата, навивачите беа сведоци на невообичаен момент кога еден судија реши да му предложи брак на својот дечко.

Паскал Кајзер, судија кој претходно јавно се изјасни како бисексуалец, го запроси својот дечко Мориц на стадионот “РајнЕнерги” во Келн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова го направи пред 50.000 гледачи, кои со громогласен аплауз му ја поздравија гестата, претходно Кајзер одржа емотивен говор.

“Сакам сите да видат дека оваа личност ја сакам. Како човек. Како човек во фудбалот,” изјави Кајзер.

Видеото беше споделено и на официјалниот Instagram профил на Келн.

“Паскал Кајзер е судија и огромен фан на ФК. Пред три години јавно излезе како бисексуалец, а денес имаше посебен план кој ФК Келн го поддржа. Паскал го запроси својот долгогодишен партнер на стадионот “РајнЕнерги”, но видете сами!”, пишуваше во објавата на Келн.

Овој пар неодамна ја прослави и својата втора годишнина од врската, а Мориц одговори “да” на неговата просидба за време на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преодниот рок заврши, но Арсенал подготвува емотивно враќање на фудбалер кој беше соиграч со Артета!

Последниот ден од трансфер периодот донесе шпекулации околу можноста Сандро Тонали да го з…