
Германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген навистина немаше среќа. Овој Германец, кој во последната деценија беше еден од најдобрите голмани на светот, неодамна ја напушти Барселона и беше позајмен на Жирона.
Сега, тој во Жирона се здоби со сериозна повреда, тежок удар на тетивата на коленото, што може да го оддалечи од терените до два месеца. Според најновите информации од Шпанија, Барселона и Жирона сега итно преговараат за прекин на неговата позајмица.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во Жирона со нетрпение ги чекаат конечните резултати од медицинските прегледи за да добијат јасна слика за сериозноста на повредата и каква иднина го чека Тер Штеген во наредните месеци.
Отворено останува прашањето дали германскиот репрезентативец наскоро ќе се врати во Барселона за опоравување или ќе се обиде да ја заврши рехабилитацијата во Жирона.
Особено тешко за Тер Штеген е фактот што премина од Барселона во Жирона за да го обезбеди статусот на прв голман на Германија пред следниот Мундијал.