
Фудбалерите и управата на Рајо Ваљекано го напуштија стадионот Сантијаго Бернабеу разочарани од судиските oдлуки по поразот од 2:1 од Реал Мадрид.
Како што е познато, натпреварот заврши во 99-тата минута, кога судијата Дијаз де Мера досуди пенал за Реал, кој беше успешно реализиран од Килијан Мбапе за победничкиот гол. Оспоруваната одлука и тешките зборови што следеа би можеле да ги чинат гостите висока цена, пишува Marca.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Судијата Дијаз де Мера во извештајот внесе навредите што му ги упати спортскиот директор на Рајо Ваљекано, Давид Кобењо, по завршувањето на натпреварот. Според судискиот извештај, Кобењо неколку пати извикувал: “Секоја средба исто сценарио со вас” додека се движеше кон соблекувалните.
Инцидентот продолжи и понатаму. “Кога четвртиот судија влезе во соблекувалневите простории, Кобењо му се обрати со извици и постојано повторуваше: “Сите вие сте исти, јебам ти мајката”. Овие настани се случија во присуство на делегатот на натпреварот,” стои во извештајот.
Тренерот на Рајо Ваљекано, Иниго Перез, на прес-конференцијата не сакаше да го коментира судењето.
За разлика од него, играчот Пеп Чаварија, кој беше исклучен за време на натпреварот, не ги криеше своите фрустрации на социјалните мрежи. “Ова е еден од најтажните денови откако играм фудбал. Овој тим заслужува почит. Ви благодарам на навивачите на Рајо, ќе продолжиме да се бориме против сè и сите. Бог е праведен и сè гледа,” напиша Чаварија.