Дома Фудбал Миленикот на навивачите на Интер се враќа на Меаца!

Миленикот на навивачите на Интер се враќа на Меаца!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер треба да добие неочекувано засилување.

Имено, миленикот на овој клуб Андре Онана ќе се врати на стадионот Џузепе Меаца.

На нероазурите им е неопходен голман кој ќе го замени искусниот Зомер.

Да потсетиме, Онана го носеше дресот на Интер во сезоната 2022/2023, а потоа потпиша за Манчестер јунајтед за 50 милиони евра.

Моментално е на позајмица во турскиот Трабзонспор која му истекува на крајот од тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајцарија без мака славеше во Скопје (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ја отвори новата сезона во „Б“ Лигата на…