Дома Фудбал Атлетико може да се засили со фудбалер кој има 292 настапи за Баерн

Атлетико може да се засили со фудбалер кој има 292 настапи за Баерн

Спортскиот директор на мадридски Атлетико, Матеу Алемани го посети Минхен за да разговара со Баерн околу потенцијалниот трансфер на Леон Горецка, познатиот играч од средината на теренот.

Атлетико е во потрага по ново засилување во средниот ред, откако неодамна го продаде Конор Галагер на лондонски Тотенхем.

Вниманието го свртија кон Горецка на кого договорот со Баерн му истекува во јуни.

Според шпанските медиуми, Баерн бара 20 милиони евра за Горецка, што Атлетико смета дека е висока сума со оглед на неговиот истекувачки договор за пет месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ го посакува Бецвиновски, пред младиот напаѓач е светски тест со Австралија

Лук Бецвиновски е во плановите на Македонија, но следниот репрезентативен предизвик го чек…