
Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изјави дека Арсенал ќе биде „најлошиот тим кој ја освоил лигата” ако оваа сезона го подигне трофејот во Премиер лигата. Арсенал сè уште е на врвот на табелата со четири поени предност, но нивното водство се намали изминатиот викенд по поразот од Манчестер Јунајтед, додека нивните најблиски следбеници, Манчестер Сити и Астон Вила, запишаа победи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арсенал се бори за првата титула од 2004 година, откако во последните две сезони беа многу блиску, но иконата на „Црвените Ѓаволи“ не е импресионирана од она што го гледа оваа сезона.
„Ако Арсенал ја освои лигата, тоа би можел да биде најлошиот тим што некогаш станал шампион. Ако бирате тим на сезоната и составувате напаѓачка четворка, никој од Арсенал не би влегол“, рече Сколс.