
Германскиот фудбал наскоро би можел да доживее една од најголемите структурни промени во последните неколку децении.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањето на угледниот германски весник „Билд“, Јирген Клоп работи на амбициозен план за создавање на нова лига во Германија.
Поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд не е сам во овој проект, туку има собрано силен тим на фудбалски авторитети.
Меѓу имињата кои учествуваат во планирањето се наоѓаат Маркус Кросче, Сами Кедира, поранешен играч на Реал Мадрид, и Андреас Ретиг.
Во проектот е вклучен и Марк Ленц од ДФЛ, што дополнително ја потврдува сериозноста на целата иницијатива.
Основната идеја е формирање на нова У21 лига, која би служела како мост помеѓу младинскиот и професионалниот фудбал.
Целта на оваа лига би била да им овозможи на младите таленти да стекнат квалитетно натпреварувачко искуство пред да преминат во Бундеслигата.