Дома Фудбал Палмер е недопирлив – ништо од трансферот во Јунајтед

Палмер е недопирлив – ништо од трансферот во Јунајтед

Коул Палмер го задржува своето место во Челзи, пишува Скај Спортс. Трансфер во Манчестер Јунајтед за него и за „сините“ не е опција. Палмер има договор до 2033 година.

Откако пред две и пол години се приклучи од Сити, Палмер за Челзи постигна 41 гол и обезбеди 19 асистенции. Затоа, англискиот репрезентативец стана речиси „недопирлив“ за Челзи, а само исклучително висока понуда би го натерала лондонскиот клуб да размисли за продажба. Според Tрансфермаркт, Палмер вреди 120 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, како што пренесува The Sun, 23-годишникот е носталгичен и би ја поздравил можноста да се приклучи на Јунајтед. Палмер се соочува и со повреда на препоните поради што оваа сезона беше ограничен на само 12 лигашки натпревари. Го пропушти и неделниот натпревар во кој Челзи го победи Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажен крај за Пол Погба?!

Пол Погба пристигна во Монако со надеж дека ќе ја оживее кариерата, но продолжи да паѓа. С…