Дома Фудбал Бразилците решени да го задржат Карло Анчелоти

Бразилците решени да го задржат Карло Анчелоти

Претседателот на Бразилската фудбалска федерација (CBF), Самир Шауд, објави дека целта на раководството е Карло Анчелоти да остане на кормилото и по завршувањето на Светското првенство, што ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Откако легендарниот Италијанец пристигна во Бразил во мај минатата година, договорено е дека ќе остане до крајот на Мундијалот, по што неговиот договор истекува.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шауд откри дека веќе се водат преговори за негово продолжување.

– Разговорите се веќе започнати, двете страни се заинтересирани за проширување на соработката. Продолжувањето на договорот пред почетокот на Светското првенство е клучно за бразилскиот фудбал. Отсекогаш сум верувал во среднорочни и долгорочни проекти. Анчелоти за кратко време ја докажа својата вредност и компетентност. Тој е совршен за бразилската репрезентација. Сакаме да му дадеме повеќе време за работа во бразилскиот фудбал – изјави Шауд за италијанскиот сајт „Туто меркато“.

Карло Анчелоти ја предводеше селекцијата на Бразил на осум натпревари и забележа четири победи, два нерешени и два порази. Селекцијата со која раководи ќе се натпреварува во групата Ц против Мароко, Шкотска и Хаити на престојното светско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Палмер го напушта Челси и потпишува за голем ривал на „сините“!?

Кол Палмер, ѕвездата на Челси, наводно копнее за враќање во родниот град и би бил отворен …