Дома Фудбал Артета одобрил, Арсенал веќе преговара за доведување на напаѓач од 100 милиони евра!

Артета одобрил, Арсенал веќе преговара за доведување на напаѓач од 100 милиони евра!

Артета потроши многу пари минатото лето, донесе играчи како Ѓокерес и Езе, а се’ уште се чека првиот зимски трансфер.

Во сенка на сето ова, Англичаните тврдат дека Арсенал веќе работи на доведување на спектакуларно засилување следното лето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Имено, Арсенал наводно веќе почнал преговори со Атлетико Мадрид околу доведување на Хулијан Алварез.

Атлетико Мадрид, според пишувањето на talkSPORT, е подготвен да го продаде поранешниот играч на Манчестер Сити за 100 милиони евра.

Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, има многу блиски врски со Алварез бидејќи преговараше за неговото доаѓање од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид.

Барселона исто така е заинтересирана за овој фудбалер, но Арсенал се наводно фаворити за завршување на овој трансфер.

Тој има нешто повеќе од четири години договор со Атлетико Мадрид и не е чудно што бараат 100 милиони евра за неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус постави две сериозни имиња за следната сезона

Јувентус се стреми да го зајакне средниот ред пред почетокот на следната сезона. “Га…