Дома Фудбал Познати паровите во четвртфиналето од Купот на Македонија

Познати паровите во четвртфиналето од Купот на Македонија

Точно напладне со жрепка беа одредени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бранителот на трофејот Вардар за противник го доби лидерот во Втората лига, Охрид Лихнидос.

Струга Трим Лум ќе се соочи со Шкендија Тетово, а Шкендија Арачиново се среќава со Работнички.

За последното место меѓу четирите најдобри ќе се борат Детонит Плачковица и Силекс.

Според календарот натпреварите се ќе се одиграат на 25 февруари.

Познати се и можните дуели во полуфиналето во кое ќе се одиграат две средби.

Победникот од мечот меѓу првопласираните во Првата и Втората лига, Вардар и Охрид Лихнидос ќе се сретне со поуспешниот од мечот Детонит Плачковица – Силекс.

Во второто полуфинале се соочуваат победниците од мечевите Струга Трим Лум – Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново – Работнички.

Првите полуфинални средби на програмата се на први, а реваншите на 22 април.

Според календарот финалето би требало да се одигра на 20 мај, но за тоа конечна одлука ќе донесе Управниот одбор на ФФМ.

КУП НА МАКЕДОНИЈА

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 25.02.2026

ВАРДАР – ОХРИД

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКЕНДИЈА ТЕТОВО

ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО – РАБОТНИЧКИ

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – СИЛЕКС

ПОЛУФИНАЛЕ – 01.04 / 22.04.2026

ВАРДАР/ОХРИД – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА/СИЛЕКС

СТРУГА ТЛ/ШКЕНДИЈА (Т) – ШКЕНДИЈА (А)/РАБОТНИЧКИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потрагата на Мурињо по „новиот Модриќ“: Се подготвува „чистка“ во Реал Мадрид

Жозе Мурињо ќе ја добие својата втора шанса во Реал Мадрид. За разлика од Карло Анчелоти и…