Дома Фудбал Манчестер Јунајтед најави разделување со еден од лидерите на тимот

Манчестер Јунајтед најави разделување со еден од лидерите на тимот

Манчестер Јунајтед официјално објави дека Каземиро ќе го напушти клубот по крајот на сезоната, кога неговиот договор ќе истече.

33-годишниот Бразилец до сега одигра 146 натпревари и постигна 21 гол за „црвените ѓаволи“, откако беше привлечен од Реал Мадрид во 2022 година за 70 милиони фунти. Во актуелната сезона искусниот среден играч, кој добива една од највисоките плати на „Олд Трафорд“, има 21 натпревар во сите турнири.

„Манчестер Јунајтед ќе го носам во себе целиот свој живот“, рече Каземиро во изјава.

„Од првиот ден кога стапнав на овој прекрасен стадион, ја почувствував страста на „Олд Трафорд“ и љубовта, која сега ја делам со нашите навивачи, кон овој посебен клуб. Не е време за збогум, бидејќи има уште многу спомени што ќе ги создадеме во следните четири месеци.

Сè уште имаме многу за што да се бориме заедно. Како и секогаш, целосниот мој фокус ќе остане на тоа да дадам сè од себе за да му помогнам на нашиот клуб да успее“, изјави Каземиро преку официјалната веб-страница на 20-кратните шампиони.

Бразилецот ја освои Купот на Лигата и ФА Купот со екипата на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Им нема конкуренција: Родри истакна тројца играчи по новата победа на Барселона

Барса урива сè пред себе. Можеби сега не дадоа пет гола и повеќе, но три беа сосема доволн…