Дома Фудбал Познат фудбалер обвинет за трговија со луѓе

Познат фудбалер обвинет за трговија со луѓе

Дефанзивецот на француската фудбалска репрезентација Лукас Ернандез и неговата партнерка се обвинети за трговија со луѓе, нелегално вработување и експлоатација на колумбиско семејство. Обвинителството во Версај наведува дека петчлено колумбиско семејство било вработено без легален статус меѓу септември 2024 година и ноември 2025 година. Колумбијците, кои вршеле работи на чување деца и обезбедување, немале слободни денови, а понекогаш работеле и до 82 часа неделно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во изјава испратена до „Ројтерс“, дефанзивецот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација и неговата партнерка Викторија Триај ги отфрлија обвиненијата. „Ја отворивме нашата куќа и нашите животи за луѓе кои се претставуваа како пријатели, кои ја побараа нашата љубезност и кон кои чувствувавме искрена наклоност”, рекоа тие.

Парот тврди дека биле манипулирани со емотивни приказни и лажни уверувања, и дека никогаш не делувале со презир кон законот. „Се однесувавме како луѓе и болно научивме дека сочувството може да се искористи”, рекоа тие. Ернандез од јули 2023 година е член на парискиот клуб, а играл и за Бајерн, и Атлетико Мадрид. За француската репрезентација има запишано 40 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земјотрес“ во Грција – Лоренцо Инсиње?

Италијанскиот крилен напаѓач Лоренцо Инсиње ги помина последните шест месеци играјќи за не…