Дома Топ вести Бразилски пакт во Париз: Силва го убедува Кутињо да потпише со ПСЖ

Бразилски пакт во Париз: Силва го убедува Кутињо да потпише со ПСЖ

Дефанзивецот на ПСЖ, Тиаго Силва призна дека се обидува да го убеди Филипе Кутињо да дојде во францускиот состав.

Кутињо, летово беше во центарот на вниманието бидејќи Барселона со сите сили се обидуваше да го донесе, но Ливерпул тоа не го дозволи. Сепак, постојат големи шанси бразилскиот фудбалер да ги напушти „Црвените“ веќе во јануари и токму неговата кариера да ја продолжи во каталонскиот клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Но, неговиот сонародник Тиаго Силва призна дека го убедува веќе некое време Кутињо да дојде во ПСЖ. Овој дефанзивец му порача на Кутињо да остане на „Енфилд“ до лето и потоа да дојде во Париз.

„Разговарам често со Кутињо и се надевам дека ќе ме изненади со својот трансфер. Како пријател му давам совет што би требало да направи. Така беше и со Нејмар и верувам дека за Кутињо ќе биде добар порег да дојде во ПСЖ на крајот на сезоната“, истакна Тиаго Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…