Дома Останати Ракомет Кузмановски: Игравме со душа и срце за Македонија

Кузмановски: Игравме со душа и срце за Македонија

Македонија одигра реми против Португалија (29-29), а капитенот Филип Кузмановски ги сподели импресиите од мечот од второто коло на Европското првенство (ЕП) во ракомет.

Кузмановски кажа дека го оставиле срцето на терен за Македонија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Горд сум на момците кои се бореа за Македонија. Покажавме срце, игравме со душа за Македонија, одиме понатаму да играме со Романија. Ако го повториме овој меч, мислам дека ќе се радуваме на победа, но мислам дека мора да влеземе со ладни глави. Тешко е да се калкулира во моментов, но наше е да се подготвиме и да одиграме 60 минути машки и се надеваме на победа“, кажа Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Како капитенот го израмни рекордот на Лазаров: Сите 15 гола на Кузмановски (Видео)

Изданието на капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски против Португалија…