Дома Фудбал Останато Каков нокаут: Хрватскиот борец изведе спектакл во стилот на легендарниот Кро Коп (Видео)

Каков нокаут: Хрватскиот борец изведе спектакл во стилот на легендарниот Кро Коп (Видео)

Хрватскиот ММА борец Анди Вртачиќ дојде до спектакуларна победа во Полска против домашниот борец Матеуша Голе. Левиот „хај-кик“ во стилот на Мирко Филиповиќ го „заспа“ Голе во втората рунда.

Анди Вртачиќ ја достигна својата осма победа во кариерата. На KSW 114 настанот во Радом брутално го заспа домашниот борец Метеуша Голе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ролетната беше спуштена во втората рунда. Во стилот на познатиот Мирко Филиповиќ – Cro Cop, Вртачиќ со лев high kick го погоди противникот и тука беше крајот.

Навистина спектакуларен нокаут на хрватскиот борец и дефинитивно веќе на почетокот на годината стана кандидат за најдобар во 2026 година.

Погледнете го овој спектакуларен удар. Како некогаш Кро Коп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ивановски имаше одличен настап во Белград – заврши втор на маратонот!

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари уште еден одличен резултат, откако на марат…