Дома Ракомет Кузмановски: Данска беше добар тест за тоа што нѐ чека со Португалија – верувам дека ќе бидеме подобри!

Кузмановски: Данска беше добар тест за тоа што нѐ чека со Португалија – верувам дека ќе бидеме подобри!

Македонија доживеа пораз од 24-36 против Данска на почетокот на Европското првенство (ЕП), па сега фокусот на ракометарите е кон преостанатите два меча од првата фаза.

Филип Кузмановски смета дека Данска била пресилна, па шансата за пласман во втората рунда ја гледа преку дуелите со Португалија и Романија.

„Треба да се подготвиме максимално, да ги сведеме грешките на минимум, но и да веруваме повеќе во себе и да одиграме без респект. Мислам дека кога ги анализираме сите натпревари, имаме многу грешки и промашени зицери, но со време, тоа го поправаме. За време на подготовките добро ги анализираме сите противници, Данска беше добар тест за она што не очекува со Португалија и верувам дека ќе биде многу подобро“, вели Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Од 1-4 до убедливи 32-23: Алкалоид со силен влог за реваншот во Велење

Алкалоид го совлада Горење со 32-23 и обезбеди значајна предност во битката за осминафинал…