Дома Фудбал Отворени нови преговори: Вардар сепак може ќе заработи од Мато!

Отворени нови преговори: Вардар сепак може ќе заработи од Мато!

Сагата околу иднината на Роџерс Мато добива нов пресврт, откако најновите информации најавуваат можност напаѓачот на Вардар уште во овој зимски преоден рок да се пресели во редовите на шкотски Хартс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По повлекувањето на Канзас од трката за потписот на голгетерот од Уганда, од Шкотска пристигнуваат вести дека Хартс повторно седнал на преговарачка маса со вардарци, со намера да го откупи неговиот договор.

Од таборот на „црвено-црните“ претходно потврдија дека била одбиена понуда тешка 350.000 евра, но во меѓувреме шкотскиот клуб успеа да постигне личен договор со Мато.

Токму тоа може да биде клучниот фактор поради кој Вардар ќе размисли за продажба уште сега, со цел да избегне сценарио во кое еден од најважните играчи ќе замине без финансиска отштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројките велат, Нејмар е и тоа како важен за Бразил!

По подолго време, Нејмар се врати на теренот играјќи за бразилската репрезентација и ведна…