Дома Фудбал Второлигаш сензационално го елиминира Реал Мадрид од Копа дел Реј

Второлигаш сензационално го елиминира Реал Мадрид од Копа дел Реј

Во натпревар од осминафиналето на шпанскиот Копа дел Реј, фудбалерите на Реал Мадрид доживеаја пораз во првата средба со новиот тренер Алваро Арбелоа. Кралевите на гости кај второлигашот Албасете, изгуби со резултат 2:3. Домаќините поведоа со погодок на Хави Виљар, а израмнување донесе Франко Мастантуоно. Нов гол за Албасете постигна Јефте Бетанкор во 82. минута, Гонзало Гарсија повторно израмни во 91., но уште еден гол од страна на Бетанкор во последните моменти од мечот донесе сензација.

Првиот гол на натпреварот го постигна Хави Виљар во 42. минута. Помладиот брат на Гонзало Виљар, играч на Динамо, беше највисок во скокот по корнерот и со прецизен удар со глава го донесе својот тим до водство. Голот можете да го погледнете ТУКА.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во судиското продолжение на првото полувреме, на 1:1 израмни Мастантуоно. Младиот Аргентинец реагираше најбрзо по уште еден корнер, овој пат удар со глава даде Дин Хујсен, а Мастантуоно ја собра одбиената топка и ја смести во мрежата. Голот можете да го погледнете ТУКА.

Ново водство за домаќините дојде во 82. минута, по слаба реакција на голманот на Реал, Андриј Лунињ. Лошо исчистената топка ја дочека Бетанкор и од прва ја прати директно во мрежата. Голот можете да го погледнете ТУКА.

Новата надеж за Реал ја донесе Гонзало Гарсија во 91. минута. Реал повторно постигна гол по корнер, а шпанскиот напаѓач беше најсилен во воздушниот дуел и го израмни резултатот на 2:2. Голот можете да го погледнете ТУКА. Но, радоста и натаму притисокот на Реал беа краткотрајни. Тимот од Мадрид тргна во целосен пресврт, но тоа остави простор за контра напад кој го искористи Бетанкор.

Тој ја прими топката во простор, прво шутираше, но топката се одби повторно до него. Од вториот обид, мајсторски ја упати топката и на својата екипа ѝ донесе сензационална победа. Голот можете да го погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го понижуваше со години, па синоќа ја дочека најслатката одмазда и плачеше како мало дете (Видео)

Реал Мадрид синоќа сензационално испадна од Кралскиот куп бидејќи беше поразен на гостувањ…