Дома Останати Кошарка Детали за скандалот на Дончиќ и Шудер: Германецот го чекал 40 минути пред соблекувална за да се пресмета

Детали за скандалот на Дончиќ и Шудер: Германецот го чекал 40 минути пред соблекувална за да се пресмета

НБА ѕвездите Лука Дончиќ и Денис Шрудер оваа сезона се во сериозен конфликт кој не престанува, а неодамна добивме ново продолжение на приказната, откако германскиот репрезентативец беше суспендиран на три натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Официјалното водство на НБА така одлучи по настаните што следеа после натпреварот на Лејкерс и Сакраменто во крајот на 2025 година, а сега конечно излегоа на виделина детали за конфликтот меѓу двојката.

Во текот на таа средба, камерите ги фатија како разменија навреди на паркетот, што беше само продолжение на нивниот судир започнат на претходниот натпревар.

Дончиќ успеа да го изнервира Шрудер, кој целосно полуде кога Словенецот му рече: “Требаше да го потпишеш тој договор”.

Секако Дончиќ мислеше на познатиот бизнис потег на Шрудер од пред пет години, кога тој ја отфрли понудата од 84 милиони долари од Лејкерс мислејќи дека ќе добие повеќе, на крајот потпишувајќи договор со Селтикс за само шест милиони долари.

Шрудер беше бесен поради провокациите на Дончиќ, па затоа го бараше низ арената по натпреварот, чекајќи 40 минути пред соблекувалната за да се соочи физички со ѕвездата на Лејкерс.

Кога Словенецот конечно се појавил, Шрудер му пријде и, според службеното соопштение на лигата, се обиде да го удри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…