Дома Фудбал Алонсо ќе седне на една од овие три клупи

Алонсо ќе седне на една од овие три клупи

Во Шпанија уште не се „смири земјата“ по одлуката на челниците на Реал Мадрид да му дадат отказ на тренерот Чаби Алонсо, а веќе почнаа шпекулации за тоа каде би можел овој талентиран и во цела Европа почитуван стручњак да ја продолжи својата кариера.

Таа кариера започна со извонредни постигнувања кои Алонсо ги постигна во Баер Леверкузен, му донесе на тој клуб „двојна круна“ во Германија во 2024 година, што заедно со Бајерн е раме на „светско чудо“, го одведе сè до финалето на Лига на Европа истата година, но во Реал немаа „слух“ за него и решија да ги стават своите играчки ѕвезди пред тренерската филозофија на некогаш фантастичниот шпански фудбалер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Угледниот шпански „АС“ синоќа се занимаваше со клубовите кои би можел Алонсо во догледно време да ги преземе и ја издвои тројката – Ливерпул, Бајерн и Манчестер Сити.

Ливерпул и Бајерн го посакуваа уште кога беше во Леверкузен, тој во тие екипи остави голема трага како играч, но одлучи да го чека Реал и очигледно погреши.

Во Ливерпул Арне Слот е под голем притисок, „црвените“ играат лоша сезона, откако минатата доминантно ја освоија Премиер лигата и ако ситуацијата се посматра во овој момент, Енфилд е некако најреална опција за Алонсо, можеби веќе од летото?

Баерн е познат по тоа што ги зема сите најдобри нешта од Германија, пробаа да му го преземат Алонсо од Леверкузен кога беше на врвот на својата моќ, но не успеаја и се решија за Винсент Компани, кој моментално во Минхен работи одлично. Бајерн, заедно со Арсенал, играат најдобар фудбал во Европа, па доаѓањето на Баскиецот во Баварија во некое скорешно време не е реално. Сепак, Чаби и Бајерн во иднина сигурно ќе соработуваат.

И на крајот Сити… Таму сè ќе зависи од одлуката на Пеп Гвардиола дали ќе ја продолжи својата мисија во Манчестер или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Семењо вчера белскаше, а Пеп е бесен на судиите: Потсети на ВАР ситуација во која Сити не добил пенал

Фудбалерите на Манчестер Сити го отворија патот кон финалето на Лига Купот на Англија, отк…