Дома Македонски спорт Мак ракомет „Црвено-црна“ рапсодија – падна германскиот шампион во Скопје

„Црвено-црна“ рапсодија – падна германскиот шампион во Скопје

Европскиот шампион Вардар продолжува со одличните партии во Лигата на шампиони, па вечерва во Скопје падна и германскиот шампион Рајн Некар (30:26).

Вардар комплетно го надигра најголемиот ривал во Групата А и сега е во пол-позиција за првото место кое води директно во четвртфиналето на Лига на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Импресивна беше одбраната, која функционираше перфектно и против седумте играчи во напад на германскиот првак, а во нападот „црвено-црните“ беа беспрекорни па не се забележа отсуството на Лука Циндриќ.

Вардар тргна силно уште од самиот старт, во еден момент имаше и најубедливи седум гола предност (15-8), а на полувреме се замина со резултат 17-13.

Во второто полувреме Вардар не дозволи противникот да направи изненадување, ја одржуваше предноста за на крајот да слави со 30-26.

Најдобар стрелец за Вардар беше Вуко Борозан со седум голови, Чупиќ постигна шест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…