Дома Фудбал Реал Мадрид направи голем финансиски подвиг вреден 300 милиони евра!

Реал Мадрид направи голем финансиски подвиг вреден 300 милиони евра!

Реал Мадрид вчера претрпе пораз во петтото Ел Класико од последните шест меча со Барселона. И покрај тоа, мадридскиот клуб има многу причини за задоволство, бидејќи освен значителната заработка за учество, клубот е пред исклучително важен момент во својата финансиска историја.

Реал е на чекор до финализирање на една од најамбициозните финансиски зделки во историјата на клубот – обновување на главните спонзорски договори со Fly Emirates, Adidas и HP.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа информација ја пренесе Хосе Феликс Дијаз, директор на мадридскиот AS, кој нагласува дека најважен е договорот со Fly Emirates, кој е главен спонзор на фудбалската и кошаркарската екипа на Реал.

Сегашниот договор завршува на 30 јуни, а авиокомпанијата моментално плаќа помеѓу 70 и 80 милиони евра по сезона за логото на нивната компанија на предната страна на дресот на Реал.

Со новиот договор, за првпат сумата ќе надмине 100 милиони евра годишно, што Реал ќе го постави на врвот на спортското спонзорство.

Adidas исто така ќе го зголеми својот влог, бидејќи Германците плаќаат околу 120 милиони евра годишно за нивните дресови да бидат носени од Реал.

Третиот столб на спонзорството на Реал е HP, чиј лого се наоѓа на ракавите од дресовите, очекувано е со новата рунда договори, оваа компанија исто така да го зголеми својот спонзорски влог.

Севкупно, Реал ќе собере сума од 300 милиони евра по сезона единствено од реклами на дресовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Циркус на повидок: ФИФА ги крши правилата, Италија ќе добие шанса за Светското првенство?

ФИФА е под голем притисок, а причината е репрезентацијата на Иран. Поради тековните конфли…