Дома Фудбал Фудбалер шокираше со крвнички старт – доби доживотна суспензија!

Фудбалер шокираше со крвнички старт – доби доживотна суспензија!

Катастрофален старт ја шокираше планетата: Оставка, доживотна забрана од фудбал и парична глоба

Мухамад Хилми Гимнастијар, член на индонезискиот четвртолигаш ПС Путра Џаја Пасуруан, во момент на револт удри противнички играч, Нуграхуа Адиансјаха, со нога во гради на натпреварот.

Овој жесток потег можеше сериозно да го повреди опонентот и затоа веднаш се соочи со последици.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фудбалската федерација на Индонезија го суспендираше засекогаш од фудбалот на итен состанок, додека клубот му го раскина договорот и му додели отказ. Дополнително, тој ќе мора да плати парична казна од околу 2.800 долари.

Добивањето црвен картон на самото место беше најмалата казна, бидејќи Гимнастијар никогаш повеќе нема да може да се врати на зелените терени.

Интересно е што ова не е прв случај во оваа лига – 4. лига на Индонезија. Неколку недели претходно, Дви Пилхант Нугрох со копачки го удри во вилицата својот противник, што предизвика повеќекратни фрактури на лицето.

За тој старт не доби директен црвен картон, но следниот ден беше прогласен за доживотно суспендиран од фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато име се враќа во трката за Душан Влаховиќ

Барселона важи за главен фаворит кога станува збор за потписот на Душан Влаховиќ, но не мо…