Дома Фудбал Кол Палмер во спектакуларен трансфер заминува од Челси?!

Кол Палмер во спектакуларен трансфер заминува од Челси?!

Во 2026 година Кол Палмер би можел да ја напушти екипата на Челси и тоа во голем трансфер. Раководството на Манчестер Јунајтед сака да го остварат трансферот и да пробаат да го доведат Кол Палмер во своите редови.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед во наредниот период има големи планови, а еден од нив е доведувањето на Палмер од Челси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најверојатно раководството на Челси, кое неодамна за нов тренер го именуваше Лијам Росениор на местото на Енцо Мареска, е подготвено да го продаде Палмер.

Манчестер Јунајтед го посакува Палмер и веќе наводно имаат одржано некои разговори “позади сцените” за евентуална понуда за играчот на англиската репрезентација.

Дури и самиот Палмер е отворен за идејата да замине од Челси, но не е откриено за која сума на крајот би го напуштил клубот и би заминал во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал по дербито ги „запали“ социјалните мрежи: Една реченица по мечот ги крена сите на нозе

Барселона победи во каталонското дерби, но после натпреварот најмногу се зборува за порака…