Дома Останати Ракомет Мајсторијата на Митев во последните секунди: Погледнете како не дозволи Македонија да загуби! (Видео)

Мајсторијата на Митев во последните секунди: Погледнете како не дозволи Македонија да загуби! (Видео)

Марко Митев се издвои како клучна фигура во македонската репрезентација на денешниот натпревар против Швајцарија, кој заврши без победник 29-29, во рамки на последното коло од турнирот „Жолтиот куп“.

Митев дуелот го заврши со седум гола со кои беше најефикасен, а токму тој го постигна и решавачкиот погодок во финишот, со кој ѝ донесе вредно реми на Македонија и спречи пораз.

Со ваквиот исход, македонската селекција со голема доза на самодоверба ќе отпатува на Европското првенство, откако претходно запиша две победи против Бахреин и Украина, заокружувајќи го настапот на турнирот без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…