
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, официјално потврди дека Жоао Кансело ќе настапува за клубот до крајот на тековната сезона. “Кансело ќе биде со нас. Ова е заслуга на Деко, кој одлично го заврши својот дел од работата.”
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За потсетување, каталонскиот тим постигна договор со Ал Хилал за позајмица на португалскиот дефанзивец Жоао Кансело (31). Според информациите кои ги споделува Фабрицио Романо, Барселона ќе покрие 4 милиони евра од платата на Кансело до завршувањето на сезоната.
Се очекуваше Кансело да го напушти Блискиот Исток во јануари, а последните денови самиот тој изразил желба да се врати во Барселона, каде што претходно настапуваше на позајмица од Манчестер Сити во сезоната 2023/24.
Кансело е првак во националните лиги со екипите на Бенфика, Јувентус, Манчестер Сити и Бајерн. Со португалската репрезентација ја има освоено Лигата на нациите.