Дома Фудбал Поранешен фудбалер на Барселона се ожени со позната инфлуенсерка

Поранешен фудбалер на Барселона се ожени со позната инфлуенсерка

Мунир Ел Хадади, кој претходно настапуваше како напаѓач за Барселона, сега е дел од екипата на Естеглал во Иран. Тој неодамна се ожени со познатата инфлуенсерка Марија Мартинез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Триесетгодишниот фудбалер има значајна кариера зад себе. Освен што играше за Барселона, Ел Хадади има настапувано и за тимовите на Валенсија, Депортиво Алавес, Севилја, Хетафе, УД Лас Палмас и Леганес.

На репрезентативно ниво, тој одиграл еднаш за Шпанија, а потоа го смени спортското државјанство и игра за репрезентацијата на Мароко, каде запиша 11 настапи.

Неговата избраничка, Марија Мартинез, е позната инфлуенсерка, а претходно била во врска со фудбалерот Родриго Морено.

Инаку, двајцата беа соиграчи во Валенсија, заедно играјќи 16 натпревари во сезоната 2016/2017.

Моментално, Родриго Морено игра за Ал Рајан во Катар, а претходно носеше дресови на Реал Мадрид, Бенфика, Болтон Вондерерс, Валенсија, Лидс Јунајтед и Ал Рајан.

Родриго Морено има одиграно вкупно 28 натпревари за националната репрезентација на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Судиите му ја „украле“ титулата на Манчестер сити во Премиер лигата

Арсенал ја освои титулата во Премиер лигата и стави крај на долгото чекање за шампионскиот…