Португалецот одлучи, наскоро стапува во брак со неговата девојка Георгина.
За нешто помалку од една година ергенството ќе заврши и за Кристиано Роналдо!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барем она официјалното, со оглед на тоа што Португалецот во август следната година ќе стапи во брак со Георгина Родригез.
Роналдо одлучил церемонијата да биде направена по завршувањето на Светското првенство, а локацијата каде Роналдо ќе каже „ДА“ сеуште не е позната.
Португалецот заедно со Георгина е од ноември 2016 година, а неодамна добија и ќерка. Да потсетиме и дека Роналдо има уште три деца кои ги доби од сурогат мајка.