Дома Фудбал Лионел Меси размислува за пензија: Сакам да имам сопствен клуб!

Лионел Меси размислува за пензија: Сакам да имам сопствен клуб!

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалски великани во историјата, најави дека во иднина повеќе би сакал да се занимава со сопствеништво на клуб отколку да биде тренер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот најдобар фудбалер во светот неодамна потпиша нов тригодишен договор со Интер од Мајами, но со оглед на тоа што има 38 години, почнал да се запрашува што ќе работи по завршување на кариерата. За една аргентинска телевизија изјави дека во овој период повеќе го привлекува идејата да биде сопственик на клуб отколку тренер.

„Не се гледам себеси како тренер. Имам интерес за менаџмент, но ако морам да изберам, би сакал да бидам сопственик на клуб. Би ми било задоволство да го водам клубот од самите почетоци, да ја изградиме средината и да им овозможиме шанса за развој на младите и сите кои се дел од клубот. Искрено, оваа улога најмногу би ми одговарала.”

Да потсетиме, Меси веќе е дел од сопственичката структура на уругвајскиот четвртолигаш Депортиво ЛСМ, заедно со неговиот соиграч Луис Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати се четири пара за нокаут-фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации продолжија понатаму

По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско прв…