Дома Моторспорт Ф1-возач на cкијање во јакната на Шумахер ги налути навивачите (Фото)

Ф1-возач на cкијање во јакната на Шумахер ги налути навивачите (Фото)

Формула 1 возачот Пјер Гасли предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи откако на роденденот на Михаел Шумахер објави фотографии од скијање во црвената „Марлборо“ јакна. Францускиот возач сподели серија фотографии од одмор во Алпите, но потегот беше оценет како несоодветен, со оглед на тоа што Шумахер се здобил со тешки повреди токму при скијање пред 12 години, пишува Daily Mail.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Додека некои сметаа дека облеката на Гасли, слична на онаа што ја носеше Шумахер кога возеше за Ферари, претставува почит кон легендата, многу обожаватели на Ф1 го изразија своето незадоволство. Сметаат дека потегот бил невкусен и без почит.

„Не знам како мислеше дека ова е добра идеја. Скијањето засекогаш го уништи животот на Шумахер, па како можеше да дојде до заклучок дека човекот треба да го почитуваш со скијање на неговиот роденден и објавување на тоа на социјалните мрежи?”, напиша еден корисник на социјалната мрежа X.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Стравична сцена: Погледнете го тешкиот пад на Марк Маркез во Франција! (Видео)

Во драматичен момент во претпоследниот круг на спринт трката на Ле Ман, Марк Маркез доживе…