
Имаше целосна поддршка, трпеливост и статус на иднина на Баерн, но една реченица беше доволна за атмосферата потполно да се смени.
Ленарт Карл има само 17 години, но веќе носи етикета на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Роден во Фрамерсбах, во срцето на Баварија, целиот свој фудбалски пат го врзал исклучиво за Германија.
Го помина младинскиот погон на Баерн, стана младински репрезентативец на Германија и многу рано чукна на вратите на првиот тим на минхенскиот гигант.
Токму поради тоа, навивачите на Баерн го гледаа како наследник на клубската традиција и потенцијален играч кој би можел да ја помине речиси целата кариера во црвениот дрес.
Меѓутоа, една неочекувана изјава сè доведе во прашање. За време на интервју и дружење со навивачите, Карл изговори зборови кои требаше да останат приватни.
„Баерн е огромен клуб и сон е да се игра тука,” рече младиот офанзивец.
А потоа следеше продолжение кое го шокира присутните.
„Но, во некој момент дефинитивно сакам да заминам во Реал Мадрид. Се надевам дека ова ќе остане меѓу нас.”
Иако јасно даде до знаење дека зборува искрено и без лоша намера, снимката на тој момент брзо се појави на социјалните мрежи.