
Откако претходно најави дека Арсенал ќе биде активен на јануарскиот трансфер пазар, Артета и челниците на тимот од „Емирејтс“ очигледно преминаа од зборови на дела. Имено, според пишувањата на шпанските медиуми Арсенал испрати прва официјална понуда до Реал Мадрид за Родриго.
„Топчиите“ се тим кој веќе некое време го следи Родриго и го сметаат за еден од најдобрите играчи во светот на неговата позиција.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Артета смета дека овој играч е потценет во Реал Мадрид, а причината се Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор кои се во фокусот на Чаби Алонсо.
Арсенал уште минатото лето се обиде да го контактира Родриго, но не успеа да го убеди да го напушти Сантиаго Бернабеу. Сепак, овој јануари сакаат да го завршат тој голем трансфер.
Сепак, Арсенал не е единствениот клуб кој испратил понуда за Родриго, бидејќи според пишувањата на шпанскиот „Фичахес“, истото го направиле и челниците на Ал Хилал.
Челниците на тимот од Саудиска Арабија испратиле понуда до Реал Мадрид во висина од 60 милиони евра, а истата понуда е испратена и од Емирејтс.