Дома Фудбал Еден од најдобрите сезонава: Фудбалер во Ла Лига постигна спектакуларен гол од слободен удар (Видео)

Еден од најдобрите сезонава: Фудбалер во Ла Лига постигна спектакуларен гол од слободен удар (Видео)

Фудбалерот на Осасуна, Рубен Гарсија, во натпреварот против Атлетик Билбао постигна спектакуларен гол од слободен удар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Осасуна водеше со минимални 1:0 по првите 45 минути против гостинскиот тим, додека главна тема на социјалните мрежи е токму Рубен Гарсија.

Домаќините го отворија резултатот во 34. минута кога Гарсија постигна фантастичен погодок од слободен удар.

Иако топката беше над 30 метри оддалечена од голот, Гарсија со неверојатен удар успеа да го совлада голманот на Атлетик за 1:0, што предизвика експлозија на одушевување кај навивачите на Осасуна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првиот човек на Норчија си доби дрес од Вардар!

Фудбалерите на Вардар ги одработуваат припремите во Италија каде што денеска имаа средба с…