
Португалскиот фудбалер Жоао Кансело ќе се врати во Италија оваа зима, каде ќе го облече дресот на Интер, актуелниот шампион во Серија А.
31-годишниот Кансело веќе не е во плановите на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, каде тренерот Симоне Инзаги повеќе не ги смета неговите услуги. Интер брзо се вмеша и сега е во финални преговори за да го обезбеди неговиот потпис.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Поради повредата на Денцел Думфрис, Интер има потреба од нов бек, па затоа Кансело ќе пристигне на позајмица на стадионот Џузепе Меаца.
Според информациите од „Газета дело Спорт“, Интер ќе плати 3.000.000 евра за платата на Кансело за следните шест месеци на позајмица, додека Саудијците ќе продолжат да покриваат значителен дел од неговата плата, односно остатокот од 4.500.000 евра.
Во тоа лежи и причината зошто не се работи за постојан трансфер, бидејќи Кансело заработува годишно неверојатни 15 милиони евра, а договорот со Ал-Хилал му трае до 2027 година.
Кансело веќе има носено дрес на Интер, а играл е и за Јувентус, Манчестер Сити, Барселона, Баерн, Валенсија и Бенфика.