
Италијанскиот тренер Енцо Маеска од денеска повеќе не е кормилар на Челси. Управата на „Сините“ ја прекина соработката со него по нешто повеќе од година и половина при раководење на тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одлуката дојде по серија од три натпревари без победа, а претходеше и влошување на односите помеѓу Маеска и управата на клубот.
Според извештаите на британските и светските медиуми, главниот кандидат за заменик на Маеска е Лиам Розињор, 41-годишниот Англичанец кој во моментов е тренер на Стразбур.
Стразбур има исти сопственици како Челси, па евентуалната промена од еден клуб во друг не би требало да претставува проблем.
Розињор го презеде Стразбур на почетокот на претходната сезона и го доведе до седмото место, а на истото место ги држи и по 16 кола во тековната сезона.
Во Конференциската лига, Стразбур го заврши делот во групната фаза како првопласиран со освоени 16 од можни 18 бодови.