Шведскиот репрезентативец, Емил Форсберг се осврна на гласините дека го посакува Манчестер Јунајтед.
Форсберг и помогна на Шведска да се пласира на СП во Русија и да ја шокира Италија, но не престануваат гласините за можното преминување во Манчестер Јунајтед, иако исто така го посакуваат и Арсенал, Баерн, Милан и многу други екипи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во разговор за Билд, Форосберг истакна дека моментално е лојален на Лајпциг и дека не размислува да ја напушти Германија.
„Прочитав во весниците дека ме посакуваат, но мојот фокус е на Лајпциг и тоа нема брзо да се промени“, истакна Форсберг.
Во Германија дојде во 2015. година како голем потенцијал, а претходно играше за Малме во Шведска. Во дебитантската сезона со Лајпциг во Бундеслигата постигна осум погодоци со 19 асистенции и се избори за Лигата на шампионите.