Дома Фудбал Никогаш не победиле во историјата на Африканскиот Куп на Нации, а се пласираа во осминафиналето

Никогаш не победиле во историјата на Африканскиот Куп на Нации, а се пласираа во осминафиналето

Фудбалската репрезентација на Танзанија постигна историски успех со пласманот во нокаут-фазата на Африканскиот куп на нации, и покрај тоа што досега никогаш не остварила победа на ова првенство. Во актуелното издание на турнирот, Танзанија има два нерешени резултати и еден пораз.

По почетниот пораз од Нигерија, одиграа нерешено со Уганда и Тунис, и благодарение на овие резултати успеаја да продолжат натаму, како една од најдобрите третопласирани селекции. Системот на натпреварувањето кој дозволува и третопласираните тимови да продолжат понатаму им овозможи со вкупно два поени да влезат во осминафиналето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Уникатноста на успехот лежи во фактот што Танзанија не само што нема победа на ова првенство, туку никогаш претходно не триумфирала на Африканскиот куп на нации во целата своја историја на учества. Ова е нивно четврто учество на континенталното првенство. Првиот пат настапиле во 1980 година во Нигерија, каде што освоија еден поен во три натпревари.

Потоа, во 2019 година во Египет, го завршија турнирот со три порази, додека во претходното издание на шампионатот во Брегот на Слоновата Коска запишаа два нерешени резултати и еден пораз, што тогаш не беше доволно за пласман. Овој пат, системот на натпреварување на изданието кое се одржува во Мароко им донесе историски напредок во вториот круг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…