Дома Фудбал Останато Последната снимка од Џошуа и неговиот пријател кој загина: Еве што правеа пред трагедијата (Видео)

Последната снимка од Џошуа и неговиот пријател кој загина: Еве што правеа пред трагедијата (Видео)

Познатиот британски боксер Ентони Џошуа во понеделникот доживеа тешка сообраќајна несреќа во Нигерија, што за жал одзеде два човечки животи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Џошуа преживеа, двајца негови блиски пријатели и тренери трагично го изгубија својот живот. На социјалните мрежи се појави видео кое ги пренесува нивните последни среќни мигови снимени само неколку часа пред несреќата. Видео материјалот длабоко ги потресе луѓето ширум светот.

Станува збор за видео кое Џошуа претходно го споделил на својот Инстаграм профил. Во него, насмеан и опуштен, игра пинг-понг со еден од своите најблиски пријатели и тренери. Снимката е направена во тропска атмосфера, само неколку часа пред неговиот пријател да ја загуби животната битка во сообраќајната несреќа.

Да потсетиме, во несреќата загинаа кондицискиот тренер на Џошуа, Сина Гхами и тренерот Латиф Ајоделе. Трагедијата се случи кога нивното теренско возило се судрило со камион.

Ентони Џошуа беше хоспитализиран по несреќата, но лекарите потврдија дека повредите не се опасни по живот. Познатиот боксер престојуваше во Нигерија на одмор, по неодамнешната борба со Џејк Пол, но патувањето кое требаше да биде период на релаксација и прослава заврши во голема трагедија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сензација во УФЦ: Стрикланд се враќа на тронот, Чимаев на колена (Видео)

Борбата во „Пруденциал Центарот“ беше сѐ што љубителите на ММА спортот очекуваа – судар на…