Дома Фудбал Барселона го насочи вниманието кон дефанзивецот на Манчестер Сити

Барселона го насочи вниманието кон дефанзивецот на Манчестер Сити

Раководството на Барселона го истакна засилувањето на одбраната како главен приоритет за претстојниот зимски преоден рок. Се повеќе се спомнува холандскиот дефанзивец Нејтан Аке како можност за решение.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради подолгото отсуство на Андреас Кристенсен, каталонскиот гигант активно бара сигурен одбранбен играч. Според “Спорт”, Аке одговара на профилот што го бара тимот, главно поради неговата способност да игра на повеќе позиции во одбраната.

Иако игра за Манчестер Сити, Аке оваа сезона нема добиено многу шанса. Во Премиер лигата беше стартер само на една средба, а во сите натпреварувања има одиграно нешто повеќе од 700 минути. Новинарот Екрем Конур потврди дека Барселона внимателно ја следи ситуацијата, но истовремено истакна дека Манчестер Сити нема лесно да се согласи на трансферот.

Финансиските ресурси се ограничени, па затоа Барселона разгледува алтернативни модели. Најдобрата опција за Каталонците би била шестмесечна позајмица со можност за откуп на договорот летово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватски голман стана сензација: Еве како се загреа на минус девет степени (Видео)

Ерзурумспор и Чорум одиграа натпревар на -9 степени, а додека останатите играчи се загрева…