Дома Фудбал Левандовски објави фотографија од теретана, навивачите на Барселона воодушевени (Фото)

Левандовски објави фотографија од теретана, навивачите на Барселона воодушевени (Фото)

Без сомнение, еден од најдобрите напаѓачи на светско ниво во последните петнаесетина години е Полјакот Роберт Левандовски.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој 37-годишен играч е во последните шест месеци од договорот со Барселона, а се шпекулира дека истиот нема да биде продолжен, и дека тој ќе ја напушти Каталонија во текот на летото.

Сепак, на социјалните мрежи Лева објави фотографија каде што позира без маица, и во фокусот се неговите импресивни стомачни мускули и очигледната физичка подготвеност на Полјакот.

Објавата ја лајкнаа повеќе од 170 илјади луѓе во само неколку часа, а коментарите од фановите поплавија неговиот профил со пофалби и благодарности бидејќи тој е пример за дисциплина и работни навики.

Во оваа сезона, Левандовски на 18 натпревари за Барселона постигна осум голови и забележа една асистенција. Тој е во последната година од договорот со каталонскиот великан, но има опција за продолжување за уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачки немири во Лајпциг пред финалето на Конференциската лига

Во Лајпциг, во вторникот навечер избувнаа инциденти пред големото финале на Конференцискат…