Дома Фудбал „Најдобрата замена во историјата на Премиер лигата“ – тој е тактички гениј!

„Најдобрата замена во историјата на Премиер лигата“ – тој е тактички гениј!

Практично сите 59 минути, Астон Вила беше притисната на Стамфорд Бриџ. Челси водеше со 1:0 и тренерот Унаи Емери требаше веднаш да преземе нешто. Со тројната измена, тој успеа да го изврти текот на натпреварот.

Оли Воткинс блесна – постигна два гола, и како што го опиша коментаторот на Скај Спортс, Џејми Реднап, ова беше „еден од најголемите влијанија од замена во историјата на Премиер лигата“. Сепак, Џејдон Санчо и Амаду Онана, кои влегоа заедно со Воткинс во 59. минута, дадоа значаен придонес во нивното триумфално враќање и победа на Челси 2:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тој е тактички генијалец“, изјави Воткинс за Емери, „го промени начин на игра затоа што Челси играа на човек на човек, но имаа еден одбранбен играч повеќе кога ја контролиравме топката. Кога влегов, Емери ги постави Џејдон и Морган Роџерс на крилни позиции, а Јури го премав на десетка, па на тој начин имавме играч повеќе на теренот. Тој е вистински тактичар.“

Ова е 11-та последователна победа за Вила во сите натпреварувања (клубски рекорд), и осма во Премиер лигата.

„Не баш“, изјави Емери на прашањето дали верува дека Астон Вила може да ја освои титулата.

„Имаме чувство дека се бориме за Европа, а не за титулата со Манчестер Сити и Арсенал. Изигравме 18 натпревари и имаме уште 20 до крајот. Тимови како Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед – со нив мораме да се натпреваруваме. Треба да бидеме константни во текот на сите 38 натпревари.“

Заостанувањето зад лидерот во Премиер лигата, Арсенал, е три бода, а Вила има можност во вторник кога игра на Емирејтс да се израмни со „Топчиите“.

„Тоа ќе биде многу тежок натпревар. На Емирејтс се мошне силни. Следниот предизвик е можеби и најголемиот кој нè чека, зашто моментално се најдобар тим во Премиер лигата и Лигата на шампиони. Но, имаме навистина добри играчи и се обидувам да поставам високи цели во секој аспект. Секој меч е предизвик, а гостувањето е уште поголем предизвик. Нормално, тие се фаворити“, завршува Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фенербахче не се шегува: Со 40 милиони евра тргнува по фудбалер на Интер

Фратези има важечки договор со Интер до јуни, 2028 година. Италијанските медиуми информира…