Дома Фудбал Јувентус сонува за Тонали

Јувентус сонува за Тонали

Играчот на Њукасл, Сандро Тонали, останува посакувана засилување за Јувентус во зимскиот трансфер период, пишуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поради цената на италијанскиот репрезентативец која е помеѓу 80-85 милиони евра, трансфер во „Старата дама“ би бил доста тежок. Затоа клубот разгледува различни опции како да финансира ваков трансфер.

Една од опциите е Тонали да биде земен на заем до крајот на сезоната со можност за откуп, која би станала задолжителна ако се квалифицираат за Лигата на шампионите. Друга алтернатива е во потенцијалниот договор да се вклучи и напаѓачот Џонатан Дејвид, кој е на интерес на „свраките“, што би ја намалило вредноста на трансферот за околу 25 милиони евра.

Канадскиот репрезентативец се соочува со потешкотии за адаптација во тимот на Јувентус откако пристигна како слободен агент во текот на летото, а и неговата годишна плата од 6 милиони евра би ослободила место во буџетот за платата на полузащитникот, кој во Њукасл заработува најмалку 7 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…