Дома Фудбал Изјавата на Пеп не била шега: Халанд објави фотографија и докажа! (Фото)

Изјавата на Пеп не била шега: Халанд објави фотографија и докажа! (Фото)

Најголемата ѕвезда во англиската Премиер лига и непогрешливиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, успешно го минал тестот на тежината по враќањето од одморите.

Фудбалерите на Манчестер Сити имаа три слободни дена непосредно пред празниците, а на тренинг се вратија за време на Божиќните празници. Но, тренерот Пеп Гвардиола остро им порача дека нема да прифати вишок на килограми и дека секој играч кој ќе се здебели ќе биде казнет со суспензија за натпреварот против Нотингем Форест.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Штом се вратат по трите дена, сакам да ги проверам како се вратиле. Може да јадат, но јас морам да го контролирам тоа. Веднаш ќе правам селекција за натпреварот против Форест. Замислете играч што е во совршена форма, но се враќа од празниците со три килограми повеќе. Тој ќе остане во Манчестер и нема ни да патува на натпреварот во Нотингем”, се закани, како никогаш досега, Гвардиола.

Овие зборови силно одекнаа во спортските медиуми во Англија, но најважно за Гвардиола е тоа што Холанд ја помина вагата.

Во забавна објава на социјалните мрежи, норвешкиот напаѓач покажа каква е состојбата. На вага му пишуваше дека тежи 94,4 килограми, но и дека “сѐ е во ред”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола пронајде нова „машина“ за средниот ред – ќе се обиде да го ангажира со сите сили следното лето

Карлос Балеба, младиот играч за врска на Брајтон, се најде на радарот на Пеп Гвардиола и М…